Европската Унија повикува на излезност во вториот круг од претседателските избори


Првиот круг од претседателските избори помина на мирен и транспарентен начин, но потребни се дополнителни реформи во изборното законодавство велат, европските челници.

Портпаролката на ЕУ институциите, Маја Коцијанчич, за МИА порача дека, според извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, „фундаменталните слободи на здружување и изразување беа почитувани“ во првиот круг претседателските избори вчера и дека генералната оценка за нив е позитивна.

-Останува потребно да се финализираат претходно започнатите реформи на изборното законодавство, потсетува Коцијанчич.

Европската Унија ги повикува граѓаните на Северна Македонија да го искористат своето гласачко право во вториот круг на 5-ти мај и масовно да излезат да гласаат.

-Ги охрабруваме граѓаните да го искористат нивното демократско право и да учествуваат во голем број во вториот круг за да се важи нивниот глас, сметаат европските челници.

Дополнително, Брисел им порачува на сите страни „да ги обезбедат потребните услови за кредибилен и транспарентен изборен процес и општа политичка стабилност“, стои во реакцијата на ЕУ за првиот круг од претседателските избори.