Европа се спрема за војна? Не е далеку денот кога ќе тргнат и Германците…


Европа е во фаза на подготовка за војна од полни размери со Русија, на територија на континентот, смета рускиот пратеник Андреј Гурулев.

„Не е далеку денот кога не само Германците, туку и Италијанците, Французите, Шпанците и Португалците ќе изјават спремност за борба“, напиша Гурулев, кој инаку е и генерал, на својот Телеграм канал.

Исто така, вели дека Русија мора да биде подготвена.

Гурулев вели дека и руската страна ги гледа сите потенцијални закани и дека ја развива својата индустрија во тој правец.