Европол заплени 24 тони стероиди во прав


Европол во акции низ цела Европа заплени 24 тони стероиди во прав и затвори девет илегални лаборатории во кои се произведувале стероидите и други илегални супстанци.

Операцијата, една од најголемите од таков вид, е спроведена во 33 земји, а резултираше со апсење на 234 лица и разбивање на 17 криминални групи.