Европа ја демне голема криза во секторот за недвижности


Европската Унија се соочува со голема криза во секторот на недвижности, пред сè во доменот на новоградби.

Не само што поскапеа градежните материјали, што ги расипува плановите на градежните компании, туку и кредитите скокнаа без мерка, благодарение на постојаниот раст на каматите, па сè помалку семејства се одлучуваат да инвестираат во нови недвижнини.

Најтешко погодените земји се меѓу најбогатите. Бројот на нови градежни дозволи во Германија падна за повеќе од 27 отсто во првата половина од годината. Дозволите во Франција беа намалени за 28 отсто во годината заклучно со јули, а градежните работи во Велика Британија се очекува да паднат за повеќе од 25 отсто оваа година.

Построгата наплата на данокот на недвижности ќе донесе милијарда евра
Шведска го трпи својот најголем пад од кризата во 90-тите, со стапки на градба помала од една третина од она што се смета дека е неопходно за да се остане во чекор со побарувачката, пишува Bloomberg, цитирајќи го порталот Business.

Слабеењето на пазарот најмногу ги погодува живеалиштата за едно семејство, како и најголемите станбени проекти. Vonovia, најголемиот развивач на недвижнини во Германија, на неодредено време ги одложи сите нови градби оваа година. И во Шведска, клучниот проект за производство на батерии за електрични автомобили и намалување на зависноста на регионот од набавки од Кина не може да привлече доволно работници поради недостаток на станови за нивно сместување.

Ваквата состојба, меѓу другото, значи дека владите не ги исполнуваат ветувањата пред гласачите. Шведска има уставно ветување дека ќе обезбеди пристапни станови, но понудата на станови за изнајмување не ја одржува побарувачката со децении, зголемувајќи ги цените на куќите и принудувајќи ги луѓето да живеат како станари на црниот пазар. Во Обединетото Кралство, изградбата на станбени единици секоја година ја промашува целта од 300.000 годишно, поставена од владејачката конзервативна влада во 2019 година.

Во Германија, пристапните станови беа една од клучните обврски на владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц кога ја презеде власта во 2021 година, но економистите проценуваат дека владата нема да ја исполни целта за додавање 400.000 нови домови годишно најрано до 2026 година.

Притисокот врз домувањето ризикува да ги прошири поделбите во општеството со тоа што ги принудува луѓето да издвојуваат поголем дел од својот приход за домување, особено во услови на мигрантска криза. Односот кон мигрантите, исто така, може дополнително да се влоши бидејќи тие се повеќе се сметаат за ривали за оскудниот простор за живеење. Во Лорах – град во јужна Германија – неколку десетици станари беа принудени да ги сменат становите претходно оваа година за да направат простор за бегалците.

Десничарските партии во последно време растат во Германија, со посебен акцент на решавањето на станбената криза, која всушност само што започна, а на која не ѝ се гледа крајот.