Европа и Канада лани обезбедиле повеќе помош за Украина од САД


-Повеќе од половина од ова доаѓа од европските сојузници и од Канада, рече таа, додавајќи дека преостанатата помош за Украина доаѓа од САД.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз европските сојузници во НАТО да трошат повеќе за одбраната и да преземат поголема улога во поддршката на Украина против тригодишната целосна руска инвазија. Министрите за одбрана на НАТО оваа недела ќе се соберат во Брисел на состанок на кој ќе присуствува и новиот американски секретар за одбрана Пит Хегсет, а се очекува фокусот да биде ставен на трошоците за одбрана на земјите-членки.

За време на самитот во Вашингтон минатата година, лидерите на 32 земји-членки на НАТО ветија најмалку 40 милијарди евра безбедносна помош за Киев „преку пропорционални придонеси“ оваа година.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте им рече на сојузниците дека оваа цел е исполнета. Вршителот на должноста портпаролка на НАТО Алисон Харт рече дека Руте „сега потврди дека сојузниците ја надминале оваа обврска, обезбедувајќи преку 50 милијарди евра безбедносна помош за Украина во 2024 година“. Украинските власти ги повикуваат западните партнери да пружат погол