Еврокомесарката Кос во посета на Црна Гора


 Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора, каде што ќе се сретне со претставници на црногорскиот државен врв.

Од Европската комисија е соопштено дека Кос ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ и претседателот на Парламентот, Андрија Мандиќ.

Кос ќе се обрати во Собранието на Црна Гора, а од кабинетот на црногорскиот претседател соопштија дека теми на разговор со еврокомесарката ќе бидат европскиот пат на Црна Гора и актуелните предизвици со кои се соочува земјата на тој пат.