Евробаскет 2025: Јанис и Грција ја победија Литванија за прво полуфинале по 16 години


Репрезентацијата на Грција успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако вечерва во четвртфиналето ја совладаа Литванија со 87:76 (24:19; 20:19; 20:14 и 23:24). Нивни противник во полуфиналето ќе им биде селекцијата на Турција, која во првото четвртфинале ја совлада Полска со 91:77.

Литванија имаше предност само во првите пет минути од натпреварот, а во остатокот од дуелот Грција ја имаше резултатската позитива. Најефикасен кај победничкиот тим беше Јанис Адетокумбо со 29 поени, додека кај Литванија Јонас Валанчиунас реализираше 24 поени и 16 скокови.

За Грција ова е прво полуфинале по 2009 година.

Полуфиналето Турција – Грција се игра в петок, а утре на програмата се другите два четвртфинални дуели: Грузија – Финска (почеток 16 часот) и Словенија – Германија (почеток 20 часот).