Евробаскет 2025: Германија убедлива против Финска за прво место во групата


Кошаркарската репрезентација на Германија вечерва во последниот дуел од 5.коло од Б групата го совлада ко-домаќинот Финска. Германците беа убедливи во текот на целиот натпревар и стигнаа до победа со 91:61 и ова за нив беше триумф број 5 за прво место во групата. 

На другите два дуела од оваа група Црна Гора – Велика Британија 83:89 и Литванија – Шведска 74:71.

Во групата А во Рига во дуелите од 5.коло: Португалија – Естонија 86:83 и Летонија – Чешка 109:75. Во тек е дуелот за првото место во групата меѓу Србија и Турција.

Табела А група: Србија 4-0 (победи-порази), Турција 4-0, Летонија 3-2, Португалија 2-3, Естонија 1-4, Чешка 0-5.

Табела Б група: Германија 5-0, Литванија 4-1, Финска 3-2, Шведска 1-4, Црна Гора 1-4, Велика Британија 1-4. 

Во осминафиналето на 6.септември во сабота ќе играат: Србија или Турција – Шведска, Србија или Турција – Финска, Летонија – Литванија и Португалија – Германија.