Еве зошто се намалува „машкоста“: Заборавете на короната, лошата навика е виновна


Навиката што ја имаат огромен број луѓе, не само во Македонија, туку и во светот, негативно влијае на големината на половиот орган.

Речиси секој ден, научниците откриваат нешто ново за коронавирусот и неговите последици, а едно од последните тврдења што ги загрижи мажите ширум планетата е дека тоа влијае на намалувањето на половиот орган. Се испостави дека припадниците на посилниот пол имале намалување на големината на нивниот пенис поради продолжен ковид. Таков случај опишал американец во исповед за странски медиуми.

30-годишникот се заразил со вирусот во јули 2021 година, а откако бил хоспитализиран, забележал дека неговиот пенис се намалил за 3,8 сантиметри.

„Се чини дека проблемот е траен. Пенисот ми се намали. Очигледно е поради васкуларно оштетување, а моите лекари мислат дека тоа е трајно“, објасни тој.

Иако влијанието на пост ковидот врз големината на пенисот се уште е во фаза на научно истражување, дека сексуалниот оган може да се намали поради васкуларно оштетување, потврди рускиот лекар Александар Мјасников. Тој рече дека пенисот се намалува ако човек пуши подолго време, што секако значи дека има оштетување на крвните садови.

Тој претходно го коментираше случајот со овој aмериканец, кој тврди дека неговиот пенис се намалил за речиси четири сантиметри по прележаната корона.

„Тоа е всушност сосема можно. Исто така, десетгодишното пушење ја намалува должината на машката „гордост“ за еден инч (околку 3 см). Тоа значи дека крвните садови се стеснуваат и ерекцијата опаѓа“, објасни тој.

Лекарот исто така забележува дека сега е „модерно“ да се обвинува короната за сè.

„ А нешто недостасува или не чини – веднаш е коронавирус. Здравствените проблеми кои се јавуваат по ковид не треба веднаш да се опишуваат како последица на вирусна инфекција. Добриот лекар треба да истражи други потенцијални причини“, рече д-р Александар, објаснувајќи дека оваа појава намалување на пенисот секогаш се јавува при васкуларно оштетување, не само поради ковид.