Еве, кој ќе ја претставува Србија на Евросонг

По неколкудневни натпревари и две полуфинални вечери, Србија го избра својот претставник за годинашниот Избор на песна за Евровизија.
На завршната вечер од натпреварот „Песна за Евровизија ‘25“, што се одржа во студиото на Радио-телевизија Србија, победата ја однесе пејачот Стефан Здравковиќ, познат како Принц, со емотивната балада „Мила“. Тој беше избран со гласовите на публиката и стручното жири, оставајќи зад себе неколку фаворити кои имаа голема поддршка од обложувалниците.
По прогласувањето на победата, Принц не можеше да ја сокрие својата емотивност.
„Искрено, мислев дека ова е невозможно. Благодарам на сите што ми помогнаа на овој пат. Како ја доживувам победата? Како врв на кариерата“, изјави пејачот низ солзи.
Во финалето настапија вкупно шеснаесет натпреварувачи. Обложувалниците предвидуваа победа на раперката Мими Мерцедез, додека Там исто така важеше за фаворит. Сепак, публиката и жирито решија победник да биде Принц.
Големо внимание во натпреварот привлекоа и настапите на некои контроверзни учесници, како драг групата „Харем грлс“, кои добија поддршка од познати личности како Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша.