Еве кого може да добие Македонија во групата на ЕП во ракомет


Откако македонската ракометна репрезентација се квалификуваше за Европското првенство следната година, сега е познато и како се рангирани националните селекции во една од четирите групи според рејтингот, врз основа на што ќе се одржи и ждрепката за шампионатот.

Ракометарите ја очекуваат ждрепката за Европското првенство на 15 мај.

Македонија е сместена во третата група според јачината заедно со репрезентациите на Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, што значи дека овие национални тимови нема да бидат противници во групната фаза на првенството на нашите ракометари.

Еве како се рангирани репрезентациите кои што изборија учество на ЕП во ракомет: 

Група 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

Група 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови

Група 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Северна Македонија

Група 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија

Ждрепката ќе се одржи во Хернинг, Данска на 15 мај во 19 часот. Веќе е познато дека Германија ќе игра во групата А во Хернинг, Данска во групата Б во истиот град, а Шведска во групата Е во Малме. Норвешка е лидер во групата Ц во Осло, Фарските Острови ќе бидат во истиот град, но во групата Д, додека Исланд е сместен во групата Ф во Кристијанштад, Норвешка.

Националните тимови ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи.

Европското првенство ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка од 15 јануари до 1 февруари следната година.