Еве каква е ситуацијата со обиколницата во Солун и градежните активности

Тековните работи на големиот инфраструктурен проект Надвозник во Солун ги загрижуваат голем број туристи кои го планираат својот летен одмор во Грција.
Работите се изведуваат на обиколницата во Солун (Периферијакос – Обиколница) и, според најавите, треба да траат до крајот на 2027 година, пишува Грик Инфо.
Сообраќај за време на работите
И покрај обемните работи, нема причина за загриженост – сообраќајот на обиколницата се одвива претежно без поголеми проблеми. Иако лентите на некои делници се стеснети од три на две, преминувањето е сè уште можно без сериозни застои. Возењето може да биде малку побавно, но речиси и да нема сообраќаен метеж или застој, дури и во текот на јули и август.
Целиот текст тука