Еве како работеше ОКТА: Објавени финансиските резултати за четвртиот квартал и 12 месеци од 2024 година


Иако годишните приходи и ЕБИТДА забележаа пад во 2024 година, поради флуктуации во цените и зголемената конкуренција, еднократни фактори предизвикаа зголемена добивка  пред оданочување.

 

 

K4 2024 година

K4 2023 година

% напромена

(во милиони денари)

12M 2024 година

12M 2023 година

% на промена

9.673

12.888

-25%

Приходи од продажба

44.247

49.236

-10%

282

36

685%

Бруто маржа

1.158

1.177

-2%

176

170

3%

Оперативни трошоци

649

634

2%

166

-79

 

ЕБИТДА

501

537

-7%

87

-129

 

Добивка пред оданочување

238

220

8%

144

155

-7%

Прилагодена ЕБИТДА*

646

774

-17%

*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите

Во 2024 година, глобалниот пазар на деривати претрпе значителни флуктуации на цените поттикнати од геополитичките тензии и макроекономските притисоци. Во првата половина од годината, цените на горивата забележаа нагорен тренд поради зголеменатапобарувачка и загриженоста од прекини во снабдувањето, особено поради тоа што санкциите кон Русија продолжија да го обликуваатглобалниот трговски тек на нафтата. Сепак, во втората половина од годината, цените почнаа да паѓаат, бидејќи зголеменото производство и економското забавување на клучните пазари ја ублажија побарувачката. Тековните конфликти на Блискиот Исток беа причина за дополнителна неизвесност, влијаејќи на рутите за снабдување и состојбатана пазарот. Ваквата динамика придонесе за нестабилно ценовно окружување во текот на целата година.

И покрај тековните предизвици предизвикани од глобалната енергетска криза во последниве години, ОКТА остана носечки столб во снабдувањето со деривати на  земјата, нои во регионот. Компанијата се придржуваше кон ригорозни стандарди за здравје и безбедност, им обезбеди непречени услуги на клиентите и истовремено засилено ја поддржуваше заедницата. Дополнително, ОКТА активно трагаше по нови приливи на приходи преку инвестиции во обновлива енергија, диверзифицирајќи го својот бизнис и придонесувајќи кон развојот на поодржлива иднина.

Позитивнитерезултати постигнати во 2024 година ја потврдија ефективноста на долгорочната стратегијана компанијата и ја зајакнаа довербата на раководството во нејзината имплементација. И покрајкомплексното и конкурентно окружување полно со предизвици, ОКТА ја задржа својата лидерскапозиција на пазарот, заокружувајќи ја годината  со 68% пазарен удел во Република Северна Македонија и 32% пазарен удел во Косово.

 

Како и досега, менаџментот на ОКТА продолжувабуднодаја следи динамиката на пазарот и проактивнода идентификуваможности за поттикнување на растот на бизнисот и оперативната ефикасност. Преку стратешко планирање и активноодлучување, компанијата и понатаму останувадобро позиционирана за долгорочен успех во  енергетскоокружувањекое постојано се развива.

Најзначајни остварувања во четвртиот квартал и 2024 година

 

  • Приходите од продажба изнесуваа 44.247 милиони денариво 2024, што е резултат на пониските остварени продажби на двата пазари. Приходите од продажба во четвртиот квартал 2024 година изнесуваа 9.673 милиони денари, 25% пониски од оние во истиот период минатата година.

 

  • Бруто-маржата во 2024 година изнесуваше 1.158 милиони денари, намалени во споредба со истиот период минатата година, како резултат нанамалената побарувачка за мазут, намалените тендери за државни резерви и зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. И покрај тоа, во четвртиот квартал 2024 година, бруто-маржата значително порасна на 282 милиони денари, во споредба со 36-те милиони денари остварени во истиот период минатата година, пред сè поради флуктуациите на меѓународните цени на горивата.

 

  • ЕБИТДА во 2024 година достигна 501 милиони денари, забележувајќи пад во однос на 537-те милиони денари остварени во истиот период лани. Падот во споредба со претходната година главно се припишува на намалените количини на двата пазари во кои компанијата работи и зголемувањето на оперативните трошоци за 3%.

 

  • Добивката пред оданочување достигна 238 милиони денари, повисока од истиот период минатата година, вклучувајќи ги и 50-те милиони денари платени како Данок на солидарност во 2023 година.Во четвртиот квартал2024 година, добивката пред оданочување достигна 87 милиони денари, што претставува подобрување во однос начетвртиот квартал2023 година.

 

  • Во третиот квартал од 2024 година, компанијата откупи 10% од сопствените акции, што ја одразува нејзината доверба во долгорочната вредност на бизнисот и постојана посветеност на подобрување на вредноста за акционерите.

 

Компанијата, во согласност со своите стратешки приоритети, инвестираше 78 милиони денари во текот на 2024 година во заокружувањенапроцесот на изградбата на сопственафотоволтаична централа од 12 MW, која почна да функционира во втората половина од годината, создавајќи нов прилив на приходи.

 

Општествена одговорност на претпријатието

 

ОКТА ја потврди својата посветеност на општествено одговорно однесување,преку двете кровни фотоволтаични централи коишто компанијата ги донираше на две образовни институции: едно основно училиште во Велес и една градинка во Гевгелија. Во 2024 година, компанијата исто така придонесе и за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот преку инвестиции во едукативнииницијативи и програми за донации.

 

Во рамките на овие активности, ОКТА организираше едукативни работилници за сите првоодделенци во општина Центар. Иницијативатабеше дополнета со донација на фотоволтаични сообраќајни знаци, стратешки поставени во близина на училишта и градинки низ општината, за да се зајакне безбедноста на патиштата.

 

ОКТА ја заокружи годината реализирајќи ги своите традиционални донаторски активности во соработка со Црвениот крст на град Скопје и дополнителна поддршка за училиштата во околината на компанијата, особено во општина Илинден.

 

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на регионот со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА.