Евакуирана Сината лагуна на Исланд: Се подготвуваат за нова ерупција на вулканот


Популарното здравствено одморалиште Сина Лагуна (Blue Lagoon) на Исланд е евакуирано поради можно излевање на магма.

Исланд ја евакуираше познатата Сина лагуна поради забележана сеизмичка активност што може да предизвика ненадејно активирање на вулканот. Магмата се рашири околу популарното здравствено одморалиште познато по својата мека сина топла вода.

Во соопштението на својата веб-страница во саботата, Сината Лагуна соопшти дека иницирала евакуација на своите простории поради „зголемената сеизмичка активност во позната област, неколку километри подалеку“.

Длабочината на магмата, околу четири километри (2,5 милји), значи дека ерупцијата може да се случи за неколку часа, рече вулканологот Торвалдур Тордарсон, според Си-Ен-Ен.

Повторно е евакуиран и блискиот град Гриндавик. Станува збор за град кој е на сцена на чести ерупции, а неговите жители во последните месеци во неколку наврати беа принудени да ги евакуираат своите домови.

Полицијата навела дека евакуацијата се одвива добро и дека во градот последните денови биле само неколку луѓе. Бањата ќе биде затворена најмалку до крајот на неделата, кога ќе се преиспита состојбата.

Ќе продолжиме внимателно да ги следиме насоките и препораките на властите, соработувајќи со нив за следење на развојот на настаните“, се вели во соопштението.