Евакуација поради пожар во близина на Сан Франциско


 

поради пожар потпомогнат од силен ветар наредена е евакуација на населението северно од Сан Франциско, во округот Сонома.

Државната противпожарна служба соопшти дека во близина на Гејзервил зафатил 4.000 хектари, пренесе АП.

Од канцеларијата на шерифот на Сонома наведуваат дека наредена е евакуација.

Националната метеоролошка служба соопшти дека ветровите на највисоките подрачја во округот Сонома дуваат со брзина од 70 метри во секунда, а во други делови меѓу 30 и 50 метри.