Ева и Каролина- убавици со титули на Мис Европа
Ева Јовановска (20) од Тетово и Каролина Јанчовска (21) од Скопје освоија титули на изборот за Мис Европа, што се одржа во Бејрут во Либан. Јовановска е прогласена за четврта придружничка, а Јанчовска ја доби наградата за Мис елеганција.


Двете наши убавици се дел од модното студио ‘Црнокрак’, кое ја поседува лиценцата за овој избор кој традиционално се одржува во Бејрут.Со нив патуваше и модниот менаџер Мики Црнокрак.
