Еурофарм Пелистер се засили за следната сезона со полскиот репрезентативец Видомски


 Нов ракометар од следната сезона на Еурофарм Пелистер ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видомски, објави попладнево актуелниот македонски првак.

Како што е соопштено, 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.

Видомски ќе дојде во Еурофарм Пелистер од редовите на полскиот прволигаш Гвардиа Ополе.

„Видоmски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина, а ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26“, се наведува во клупското соопштение.