ЕУ се мобилизира против драконското владеење на Орбан


Тринаесет земји-членки издадоа заедничко соопштение по одлуката на унгарскиот парламент Виктор Орбан да владее со декрети

 

Тринаесет земји од ЕУ во средата издадоа заедничка изјава во која се повикува итните мерки за борба против корона вирусот да бидат привремени и во согласност со принципите на владеење на правото.

Овој потег доаѓа откако унгарскиот парламент во понеделникот со двотретинско мнозинство изгласа да ѝ се дозволи на владата на премиерот Виктор Орбан да владее со декрети без утврден временски рок. Според новиот закон, поединци кои објавуваат она што што се смета како невистинито или искривени факти, се соочуваат со неколку години затвор.

„Во оваа невидена ситуација, легитимно е земјите-членки да усвојат вонредни мерки за заштита на своите граѓани и надминување на кризата“, напишаа 13-те земји. „Сепак, ние сме длабоко загрижени за ризикот од кршење на принципите на владеење на правото, демократијата и основните права што произлегуваат од донесувањето на одредени вонредни мерки“.

Иако не ја именува Унгарија, изјавата индиректно се однесуваше на контроверзните одредби од новиот закон на земјата.

„Итните мерки треба да бидат ограничени на она што е строго неопходно, треба да бидат пропорционални и привремени по природа, да бидат предмет на редовен преглед и да ги почитуваат гореспоменатите принципи и обврските на меѓународното право. Тие не треба да ја ограничуваат слободата на изразување или слободата на печатот “, напишаа државите.

На изјавата се потпишани Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.

Земјите рекоа дека „ја поддржуваат иницијативата на Европската комисија за набљудување на вонредните мерки и нивната примена“ и го поканија Советот за општи работи на европските министри „да расправа за работата кога е соодветно“. (Политико)