ЕУ презема мерки за развој на европски вински сектор на иднината


Брисел – Европската комисија предложи серија мерки за поддршка винскиот сектор во ЕУ, со цел тој да остане конкурентен, одржлив и витален во следните децении во услови кога се соочува со менување на барањата на потрошувачите, климатските промени и несигурност на пазарот. 

Со предлогот се предвидени целно насочени мерки кои треба да им помогнат на производителите на вино поуспешно да менаџираат со производниот потенцијал, да се прилагодат на променетите барања на потрошувачите, како и да пронајдат нови пазари за пласман на своите производи.  

Мерките, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се очекува да помогнат за одржување на виталноста на лозарските региони, кои зависат од индустријата за производство на вино, како и да се задржи социјалната важност на винскиот сектор во ЕУ. 

Првата мерка е насочена кон надминување на проблемот со вишоците, кои опфаќаат активности како корнење и отстранување на несаканите или вишок лозови насади и т.н. „зелена берба“, односно берење на уште не созреано грозје. Целта на оваа мерка е да се спречи вишок во производството, да се помогне за стабилизација на пазарот на вино и грозје и да се намалат финансиски оптоварувања на производителите. 

Есента е работна, а зимата, пролетта и летото се за уживање во доброто старо домашно вино. Прилепчани имаат вековна традиција за која знаат големите производители, кавадарчани и неготинчани,

Втората мерка предвидува на лозарите да им биде дозволена дополнителна флексибилност во шемата за овластувања за повторно садење, со цел да можат своите инвестициски одлуки да ги носат во зависност од тековните состојби. 

Натаму, ЕК предвидува поголема поддршка на секторот за зголемување на неговата отпорност на климатските промени, овозможувајќи државна финансиска помош во висина до 80 отсто од трошоците наменети за ублажување на последиците и прилагодување изменетите климатски услови. 

Мерките пропишуваат и правила за маркетинг на винските производи, заеднички настап на винопроизводителите на пазарот и воспоставување похармонизиран пристап во означувањето на виното, што би обезбедило намалување на трошоците и полесен пристап до информации за потрошувачите. 

Посебна помош се предвидува за развој на винскиот туризам и за производители на вино со заштитено со географско потекло, што се очекува да помогне за поттикнување на економскиот развој на руралните области. 

Цените на угостителските услуги во август годинава остана на исто ниво како во претходниот месец, а се зголемени за 0,3 отсто во споредба со ланскиот август.

Дури 60 проценти од глобалното производство на вино и околу 60 отсто од вредноста на извезеното вино во светот потекнува од европскиот континент, па од таму ЕУ го третира вински сектор како „камен-темелник на културното и економското ткиво на Европа“, кој игра витална улога во развојот на руралните економии и е тесно поврзан со традициите, гастрономијата и туризмот.  

ЕК проценува дека винската политика на ЕУ досега успешно ги штитеше квалитетот и промовирањето на европските вина, но актуелните демографски промени, променливите модели на потрошувачка, климатските предизвици и несигурноста на пазарот, предизвикаа дополнителни оптоварувања и нестабилност на винскиот сектор. 

Со цел да се одговори на овие предизвици за лозарите и винариите, ЕУ формира Група за винска политика на високо ниво со задача да ги утврди потребите на винскиот сектор и да предложи решенија за нивно задоволување и за справување со проблемите. Врз основа на извештајот на групата, ЕК ги подготви новите мерки кои треба да овозможат брза акција и повеќе можности за производителите, а во исто време и да обезбедат развој на конкурентен европски вински сектор во идниот период.