ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат, порача Кошта

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска на социјалната мрежа Икс упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста што денеска се одбележува во нашата држава.
„По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти“, напиша Кошта на „Х“.
Посочи дека Европската Унија останува посветена на заедничката иднина, но и на европскиот пат на Северна Македонија.