ЕУ основа тело за сузбивање на перење пари


Белгија– Европската унија ќе формира централно тело за борба против активности на перење пари, по низата скандали со висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на „валкани пари“ преку нејзините банки. Министрите за финансии на блокот се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директни овластувања“, се вели во нацрт-изјавата, што треба да биде одобрена на состанок во декември.

Мисијата на телото е да биде полициска финансиска институција во согласност со правилата на ЕУ за длабоки проверки на купувчи и други гаранции.

Најгласни во застапувањето за ново тело за да се избегнат нови кризи се Франција и Холандија.

Европа ја погодија неколку скандали, од кои најголемата беше перење 30 милијарди евра руски пари од Данска банка.