Еу одобри 224 милиони евра грантови за Македонија
Со последната одлука Европската унија одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за унапредување на инфраструктурата, за развој на економијата и за раст на стандардот.
Со нив се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија, набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица и на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа, како и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.
-Ова е само почеток на слевањето на европските инвестициски гранотви во државата.СДСМ како одговорна партија е посветена на забрзан процес на реформи за напредување кон членство во Унијата, за подобар, полесен и помирен живот за граѓаните.Граѓаните знаат дека со евроинтеграцијата следува развој, напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина, порачаа од СДСМ.