ЕУ нарачува дополнителни 100 милиони дози од вакцината на „Фајзер“


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека Унијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19 од компаниите „Фајзер„ и„БиоНТек“.

„Значи, ќе имаме 300 милиони дози од оваа вакцина, што е оценета како безбедна и ефикасна“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на Твитер.

Вакцината на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТех“ е прва и досега единствено одобрена за употреба во ЕУ. Вакцинацијата во ЕУ почна пред два дена.

Се очекува и вакцината на „Модерна“ да биде одобрена, но тоа ќе се случи на почетокот на јануари.

ЕУ, исто така, потпиша договори за набавка на вакцини со компаниите „АстераЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Санофик“ и „КјурВак“.