ЕУ ќе стави рампа за скапата руска нафта, ќе се купува само до одредена цена
Американскиот политичар Џон Мекејн еднаш славно ја нарече Русија „бензинска пумпа која се маскира во земја“. Сега, ЕУ, САД и другите западни сили го туркаат нафтениот џокер на Владимир Путин со намалување на цената. Се очекува на наредниот состанокво среда Г7 да ја објави својата долгоочекувана граница на цената на нафтата. Но, земјите од ЕУ како Кипар, Малта и Грција стравуваат дека тоа ќе им наштети на нивните транспортни индустрии.
Дипломати и високи функционери рекоа дека трите земји се загрижени дека ќе изгубат дел од нивните флоти со танкери кои, наводно, веќе ги отфрлаат знамињата на ЕУ во корист на оние на Кина, Турција, Индија или на различни даночни раеви за да ги избегнат санкциите наметнати од ЕУ и САД.
Со ограничувањето ќе им се забрани на бродските компании да транспортираат руска нафта, освен ако не се продаде под договорената ценовна граница, а сите 27 земји од ЕУ треба да се согласат таа одлука да стапи во сила. Дипломатите предупредија дека не се сигурни дали Грција, Кипар или Малта ќе имаат некаква загриженост во последен момент. Но, официјалните лица рекоа дека ЕУ веќе направила отстапки за трите земји и ги ослабнала санкциите за други руски стоки, како што се ѓубрива, цемент и други производи, за да го ублажат ударот за нивните бродски индустрии.
Сите 27 земји на ЕУ мора да го потпишат договорот пред ембаргото на ЕУ за руската нафта да започне на 5 декември. Во теорија, тоа зелено светло може да дојде брзо, можеби дури и на состанокот на амбасадорите на ЕУ во среда. На крајот на краиштата, ЕУ веќе се согласи за правна основа за ограничувањето на цената на нафтата во последниот пакет санкции.
Европската комисија ги информираше земјите на ЕУ за техничките карактеристики на ограничувањето на цената – но не и за вистинската цена. Американскиот министер за финансии Џенет Јелен предложи 60 долари за барел, што е под пазарната цена на нафтата, но блиску до цената по која руската нафта се тргува во Азија (каде земји како Индија и Кина ја купуваат со попуст). Сепак, цената би била многу повисока од производствената во Русија.