ЕУ Делегацијата со поддршка за емитувањето на седниците на Уставен во живо
Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска изрази поддршка за идејата на Уставниот суд кој одлучи дискусиите од седниците да ги емитува во живо. На официјалниот Twitter профил од ЕУ Делегацијата испратија порака до јавноста:
„Добар чекор за транспарентноста во Република Северна Македонија, граѓаните сега можат да ги следат седниците на Уставниот суд онлајн, во живо. Отвореноста и јавниот пристап до правдата ја зајакнуваат довербата во институциите и во владеењето на правото, пишува во постот на ЕУ Делегацијата.
За потсетување, за прв пат во историјата на своето постоење, Уставниот суд направи значаен исчекор кон целосна институционална отвореност и од 4 март 2026 година, ја воспостави најголемата реформа преку емитување на седниците во живо(live streaming) на официјалната веб-страница на Судот.