„Етно Македонија 24“ на програмата на Скопско лето
о рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечер во „Сули ан“ ќе се одржи концерт на Музичка младина на Македонија во соработка со Меѓународна музичка младина (Jeunesses Musicales International) кој ќе претставува завршен концерт од кампот „Етно Македонија 24“.
-„Етно“ е програма на Меѓународна музичка младина (JM International) за народна, светска и традиционална музика, наменета за млади музичари на возраст од 18 до 30 години. Програмата се спроведува во 45 земји ширум светот и има за цел да го оживее и да го одржи во живот глобалното културно наследство, ангажирајќи ги младите луѓе преку серија годишни меѓународни музички кампови, информираат од Дирекција за култура и уметност – Скопје.
На „Етно Македонија“ годинава учествуваат музичарите Бојан Анакијевски – перкусии – Македонија, Џина Перкиќ – виолина – БиХ,Илда Хамустафиќ – вокал – БиХ, Младен Ристиќ – кавал, саз – БиХ, Камил Сини – флејта – Франција, Јоше Холстајн – виолина – Холандија, Џои Дортен – гитара – Холандија, Маја Селис – виола – Естонија, Лорен Колиер – виолина – Шкотска, Франческа Маночо – виола – Италија, Јорун Лауресенс – хармоника – Белгија, Виктор Буендиа – мелодика – Шпанија, Карл Ериксон – хармоника, Шведска. Нивни уметнички ментори се Ангел Спироски, композитор и диригент од Македонија и Ламија Сариќ, кларинетистка од Босна и Херцеговина.