Естонскиот претседател го довери формирањето нова влада на министерот за клима Кристен Михал


Претседателот на Естонија го назначи министерот за клима Кристен Михал од Реформската партија за нов премиер на земјата и му даде мандат да формира нова влада, објави Ројтерс, цитирајќи го претседателскиот кабинет.

Каја Калас, која е премиер од 2021 година, вчера поднесе оставка за да ја преземе новата функција како иден шеф за надворешна политика на ЕУ.

-Со оглед на моменталната рамнотежа на моќта во националната политика, коалицијата составена од Реформската партија, Социјалдемократската партија и Естонија 200 има најголеми шанси да формира влада, која се надевам дека ќе биде одлучувачка, рече претседателот Алар во изјавата