Естонија ќе даде еден отсто од својот БДП како воена помош за Украина
Естонија ќе даде воена помош од 113 милиони евра за Украина. Дополнителната пратка хаубици, муниција, фрлачи на гранати и друго оружје ја прави зголемува сумата за помош на Украина на 400 милиони евра или 1,1% од БДП, што преставува 1,1 отсто од БДП – фасцинантна бројка со оглед на тоа дека лимитот што го бара НАТО од земјите членки, и тоа на долг рок, е два отсто!
„Ако сите земји на ЕУ го сторат истото, нашата помош за Украина би можела да биде околу 150 милијарди евра“, порача естонскиот министер за одбрана.
Деновиве, во пресрет на состанокот во Германија каде ќе се решава за воената помош на Украина, повеќе земји објавија големи арасенали оружле што ќе ги испратат на Киев за да излезе од парализата во која со офанзивата. САД вчера дадоа воена помош од 2,5 милијарди долари и најавуваат уште, а толку воена опрема обезбеди лани и Холандија, која сега најавува подготвеност да испрати и воени летала и други скапи оружја. Американскиот пакет од вчера ќе ја сведе вкупната американска воена помош за Украина на невидени досега 27,5 милијарди долари. Овој последен пакет вклучува транспортери „Страјкер“, воздушна одбрана и артилерија, ракети земја-воздух и мало оружје и муниција. Шведска ќе го испорача ARCHER, најнапредниот артилериски систем во светот, борбени возила NLAW, противтенковски пиштоли и многу повеќе, а помош најавија и Данска, Велика Британија и Германија.

Од друга страна, американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин изјави денес за CNN дека Русија е останата без муниција и претрпела значителни борбени загуби. На Твитер исто така се споделува фотографија на која се гледа противвоздушен систем „Панцир“ на кровот на зградата на руското Министерство за одбрана, како потврда дека Кремљ се обезбедува од евентуален напад на негова територија и го утврдува безбедносниот систем околу главниот град.
Во петокот, се појавија извештаи дека друг систем Pantsir-S1 бил забележан на 10 километри од официјалната резиденција на претседателот Владимир Путин надвор од Москва овој месец. Тие следат по информациите за инстралирање противвоздушни ракетни системи С-400 во национален парк и полигон во северниот и североисточниот дел на Москва.