ЕСМ почна да продава вишоци струја
Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продало 330 мегават часови вишок електрична енергија, соопштија од Владата.
Ова доаѓа откако завчера по цела една година прекин, во мрежата беше вклучен и третиот блок на РЕК Битола, откако беше инсталиран трансформаторот на овој енергетски капацитет.
АД ЕСМ информира дека вчера биле произведeни 19.774 мегават часови електрична енергија, со што целосно биле задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните биле произведени 16.344 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.430 мегават часови.
Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 12.01.2023 година.