ЕСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Безидејни сте, се залагате за двојно повисока цена на струјата
Продолжи допишувањето на енергетските компании со ВМРО-ДПМНЕ околу цената на струјата во земјата.
-Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум целата електрична енергија која му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75%, додека остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и да заработи повеќе.Дали ВМРО ДПМНЕ се свесни дека тоа значи дека универзалниот снабдувач ќе мора остатокот од 25% да го докупи токму на слободниот пазар за многу повисоки цени? И дека тоа ќе значи драстично зголемување на цената на струјата? Дали ВМРО ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните? Очигледно е дека опозициската партија се занимава само со дневна политика и безидејни неконзистентни изјави од кои никој во државата нема корист.
Уште еднаш напоменуваме дека цената на АД ЕСМ е пониска за 55% од цената на струјата на слободниот пазар.Потенцираме и дека компанијата ги презема сите мерки за оптимизирање на производството и на трошоците, а во исто време спроведува инвестиции во обновливи извори од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира, стои во реакцијата на ЕСМ.