Ескобар вечераше со Ковачевски, Османи и Маричиќ


Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, , кој престојува во Македонија, синоќа имаше работна вечера со македонскиот премиер , министерот за надворешни работи, и вицепремиерот за европски прашања. На вечерата присуствуваше и американската амбасадорка Ангела Агелер. 

Ескобар денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.
Фото: Б. Грданоски
Првата средба на Ескобар беше вчера со претседателот Стево Пендаровски, и на неа, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.