Ескобар: Најнационалистичките партии се најкорумпирани

„Би сакал да го видам процесот да се движи побрзо, Европа кон Западен Балкан, поголемо учество во европската инфраструктура, можеби како набљудувачи, како кандидати, но дефинитивно ни треба повеќе Европа во регионот, и секако, ни треба повеќе Америка во регионот“ – изјави Ескобар.
На прашањето колку е оптимист за Северна Македонија Екобар одговори дека е оптимист во голема мера, особено имајќи предвид како Северна Македонија се справуваше со својата (ЕУ) кандидатура и дека тоа беше пример за регионот.
„Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања“ – рече иел Ескобар
Според него, Северна Македонија ги направи сите потребни реформи „за да ја отвори првата врата“.
„Длабоко верувам дека оваа Влада има волја и дека луѓето во Северна Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ. Во релацијата помеѓу Северна Македонија и НАТО, тие се значаен сојузник, а тоа Европа и го очекува од нив, да бидат добар пратнер кој исто така ќе придонесе за ЕУ“ – уверен е Ескобар.
Тој посочи дека токму националистичките партии се и најкорумпирани, а дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот.
„Знаете дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот, национализмот и етничкото ривалство е навистина само маска за тоа. Јасно е дека партиите кои се најнационалистички во регионот се и најкорумпирани. Тоа е факт. Тоа не го кажува само американската влада , туку и независни организации, како Транспаренси Интернешнл и некои организации од европскиот граѓански сектор, како и домашни организации на граѓанското општество“ – истакна Ескобар.