Есенска акција за почиста Гази Баба


Денеска од Автокоманда започна големата есенска акција на ЈКП „Гази Баба“ за чистење и уредување на јавните површини.

Во рамки на акцијата се чистат улиците, се кастрат дрвјата, се собираат лисјата, се уредуваат зелените површини и се подига комуналниот отпад.

Со акцијата, вработените во комуналното претпријатие ќе придонесат за чистите улици, уредени паркови и одржувани простори за подобра средина за живеење,  безбедно движење и  поквалитетен живот во Гази Баба.

Се апелира до граѓаните да се подигне свеста за правилно одлагање на отпадот.

 – Да не фрламе отпадоци на улица, да ги чуваме зелените површини и да придонесеме секој по малку за почиста Гази Баба – додаваат од општината.