Ердоган: Турција е поголема од Турција, не можеме да се ограничиме на сегашната територија


Претседателот на Турција и лидер на владеечката партија АКП, Реџеп Таип Ердоган, порача денес дека „Турција е поголема од Турција“ и дека како  нација не можат да ги ограничат нејзините хоризонти на 782 илјади квадратни километри„.

„ Турција не е ничија колонија, ниту е земја на суб-индустриски идеи или на оние кои произведуваат идеи од втора рака. За да бидеме слободни, мора да бидеме оригинални и да развиваме оригинални проекти. Секој неодамнешен инцидент во нашиот регион, особено во Сирија, нè потсетува на овој факт: Турција е поголема од Турција! Како народ не можеме да ги ограничиме нашите хоризонти на 782 илјади квадратни километри. Како што човек не може да избега од својата судбина, Турција и турската нација не можат да избегаат или да се сокријат од својата судбина. Одиме напред со самодоверба кон моќна и голема  Турција која ќе го предводи овој век, место да заостанува зад другите. Како народ, мораме да ја видиме мисијата што ни ја постави историјата и да постапиме соодветно. Го гледаме ова, но не се оглушуваме на повиците. Оние кои прашуваат „што прави Турција во Либија и Сирија“, можеби не ја разбираат оваа мисија. Оние кои не знаат како се промени Турција може да имаат потешкотии да го разберат текот на настаните. Ги оставаме сами со нивните заблуди.  Нема да губиме време со нив, ќе се фокусираме на нашите цели. Верувам дека ќе ја исполните вашата одговорност на ова благословено патување“, рече Ердоган.

Според коментарите на турски новинари претседателот Ердоган практично ги открил своите иредентистички амбиции, порачувајќи дека Турција не може да се ограничи на сегашните граници и дека ќе продолжи военото вклучување во други земји.