Ердоган отвори 46 фабрики во еден град
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера отвори 46 фабрики во индустриската зона во градот Ескисехир.
Притоа Ердоган порача дека Турција се биде стабилна и сугурна земја за вложување и понатаму.
„Сите кои вложуваат во Турција ќе продолжат да остваруваат добивка“, рече Ердоган.
Тој им се обрати на скептиците кои се надеваат дека Турција ќе потклекне.
„Им порачувам на оние кои се надеваат и чекаат нашата земја да потклекне, немојте премногу да се возбудувате, никој нема моќ да ја наруши климата на стабилност и доверба во оваа земја“, рече Ердоган.