Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата
САД и многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.
„На прво место, САД не сакаат да ја видат Украина како членка на НАТО. Многу други земји-членки на НАТО, исто така, не сакаат Украина да се приклучи на алијансата.
Со оглед на тие факти, тој процес не треба да се избрзува“, рече Ердоган. „Кога носиме одлуки, секогаш го земаме предвид ставот на другите земји-членки на НАТО.
Разговараме за можните прашања на преговарачка маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука“.
Тој посочи дека позицијата на другите земји-членки на НАТО ќе му биде важна кога ќе го разгледа прашањето за прием на Украина во алијансата.
Турскиот лидер додаде дека Анкара не донела конечна одлука за тоа прашање.