„Ербас“ најави над 2.000 отпуштања


Раководството на „Ербас“ најави дури 2.043 отпуштања, но точниот број на изгубени работни места ќе се знае по преговорите со работниот совет.

Како дел од реструктуирањето на болниот вселенски сектор, групацијата „Ербас“, позната по производството на авиони, одлучи да отпушти нешто повеќе од 2.000 вработени. Ќе бидат отпуштени 689 работници во Германија и вкупно 1.354 работници во Велика Британија, Франција и Шпанија.

Претседателот на Работничкиот совет Томас Прецл рече дека успеале да спречат отпуштања пред почетокот на преговорите со работодавачите. Во октомври, „Ербас“ најави укинување на 2.500 работни места. Освен во вселенскиот сектор, отпуштања ќе бидат распределени и во администрацијата, пишува Цајт.

Сепак, точниот број на отпуштања ќе се знае дури откако ќе завршат преговорите.

– Поради постојниот обем на работа, ги критикуваме отпуштањата на работниците, реорганизацијата во рок од една година и несоодветната застапеност на германските менаџери во управувањето со вселенскиот сектор“, рече Прецл и ги повика федералните политичари да се „позиционираат соодветно кон работни места и технологии“.

Инаку, одделот за одбрана и вселена на „Ербас“ вработува околу 35.000 луѓе само во Европа. Тие бележат позитивен биланс со воени авиони и алатки за сајбер безбедност. Сепак, вселенскиот сектор забележа лоши резултати во првата половина од оваа година.