„Ер Србија“ ги сопре сите летови кон Тел Авив
Српската авиокомпанија „Ер Србија“ штотуку ги извести патниците дека сите летови до Тел Авив се прекинати.
„Почнувајќи од денес, поради сè посложената безбедносна ситуација во Израел, „Ер Србија“ е принудена привремено да го прекине сообраќајот меѓу Белград и Тел Авив. Следниот лет планиран за недела, 22 октомври 2023 година, нема да се реализира, како и сите други летови до крајот на ноември, а продажбата на билетите на „Ер Србија“ на таа линија беше привремено прекината.
Сите патници кои купиле авионски билети до крајот на ноември треба да се обратат во „Ер Србија“ и ќе имаат право на целосна рефундација. „Ер Србија“ продолжува внимателно да ги следи информациите во врска со аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив и е во контакт со сите надлежни служби и органи.
Српската национална авиокомпанија веднаш ќе ја информира јавноста за повторно воспоставување летови кога ќе се исполнат условите. Безбедноста на патниците и членовите на екипажот е најважниот приоритет за „Ер Србија““, се наведува во соопштението.