Епстајн веројатно бил убиен, тврди патологот Бејден


Причина за смртта на продуцентот Џефри Епстајн наверојатно е убиство, а не самоубиство, смета патологот форензичар Мајкл Бејден.

– Некои од повредите на Епстајн имаат повеќе знаци на убиство со задавување, отколку на самоубиство, гласи неговото мислење.

Бејден, кој 1970-тите накусо беше прв форензичар одговорен за Њујорк, сега е приватен вештак. Учествувал и во неколку случаи каде свој удел имаа славни личности, како оној на О.Џ. Симпсон.

Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстајн.

Самоубиството првично го оспори братот на Епстајн – Марк, кој и го најми Бејден за второ мислење.

Мултимилионерот Џефри Епстајн беше осуден за трговија со малолетни девојчиња и престапи од сексуална природа.