ЕПП притиска Бугарија и Романија да влезат во Шенген


Манфред Вебер

Претседателот на групата на народните партии во Европскиот Парламент, Манфред Вебер, побара земјите членки на ЕУ да престанат да го блокираат влезот на Бугарија и на Романија во Шенген зоната. Оваа одлука, покрај влезот во еврозоната, се начини како Брисел ја држи под контрола Бугарија да не стане дел од  „нелибералните“ членки предводени од лидерот на Унгарија, Виктор Орбан.  

„Со приклучувањето на Бугарија и Романија во Шенген можеме подобро да ги заштитиме нашите надворешни граници и да ја зајакнеме целата Шенген зона. Да ја продолжиме успешната приказна за Шенген и конечно да ги вклучиме Бугарија и Романија. Тие ги исполнуваат сите барања, време е да испорачаме“, рече  Вебер за време на дебатата на пленарната седница на Европскиот парламент за пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Европскиот парламент не престана да повикува на проширување на Шенген зоната која е во срцето на проектот на ЕУ. „Шенген е голема успешна приказна за Европа. Ги сруши бариерите, ги зближи европските граѓани и ја зајакна нашата европска економија“, продолжи Вебер.

„ЕПП од 2011 година е шампион за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген. Тие се покажаа како повеќе од подготвени целосно да се приклучат, бидејќи се справија со миграциските кризи, пандемиските ограничувања и сега со пристигнувањето на милиони воени бегалци на примерен начин под огромен притисок. Зошто земјите-членки продолжуваат да им вртат грб?“, праша Пауло Рангел, европратеник, потпретседател на групата ЕПП, одговорен за функционирањето на Шенген зоната во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.

„Ова е неприфатливо“, подвлече Вебер. „Ние, ЕПП, силно ги поддржуваме Бугарија и Романија да станат членки на Шенген и секогаш сме се бореле за овој потфат. Местото на Бугарија и Романија е во Шенген! Го повикуваме Советот конечно да им даде на Бугарија и Романија пристапот што го заслужуваат. На годините на чекање мора да им дојде крајот. Ни треба акција, а не повеќе изговори!“ – рече тој. 

Бугарија беше ставена под присмотра од Брисел откако беа откриени афери со продажба на бугарски пасоши од страна на високи државни функционери, вклучувајќи ги и тие на македонските граѓани.