„Епл“ работи на нов систем за вештачка интелигенција, ќе се натпреварува со „Чет ГПТ“


„Епл„ работи на систем за вештачка интелигенција кој треба да му конкурира на „Чет ГПТ“ (Chat GPT), се вели во извештајот објавен денеска, пренесува ДПА. Вработените на „Епл“ го нарекоа проектот „Епл ГПТ“ („Apple GPT“) бидејќи работат на развој на платформа слична на „Чет ГПТ“, објави „Блумберг њус“.

Други технолошки гиганти се приклучија на трката за вештачка интелигенција на различни начини. „Мајкрософт“ едноставно го купи „Чет ГПТ“ на OpenAI и го искористи за да го поттикне пребарувањето на Бинг, додека „Гугл“ го претстави „Бард АИ“ (Bard AI) за својот многу популарен пребарувач.

„Мета“ има и свој генеративен систем за вештачка интелигенција. Најпознатиот систем за машинско учење на „Епл“ останува неговиот дигитален асистент „Сири“ на ајфоните. Новиот проект на „Епл“ ја користи својата основа за вештачка интелигенција наречена Ајакс, според Блумберг.

Сепак, самиот Ајакс работи на Гугл клауд (Google Cloud) и е изграден на Google JAX, рамка за машинско учење создадена за да се забрза истражувањето.

„Регулацијата е нешто што е потребно во овој простор“, изјави извршниот директор на „Епл“ Тим Кук за „Добро утро Америка“ минатиот месец.

„Ќе биде тешко да се усогласат регулативите дури и со напредокот бидејќи работите се движат толку брзо“, додаде тој.

Различни технолошки гиганти ги игнорираа повиците за забавување на истражувањето на вештачката интелигенција за општествена безбедност.

Два месеци пред да го лансира системот за вештачка интелигенција xAI, Илон Маск дури потпиша отворено писмо со барање за шестмесечна пауза од истражувањето за вештачка интелигенција.