„Епл“ отпушти повеќе од 600 вработени во Калифорнија


Технолошката компанија „Епл“ отпушти повеќе од 600 работници во Калифорнија, што е првиот голем бран отпуштања од пандемијата на коронавирус.

Производителот на ајфон известил 614 работници во повеќе канцеларии на 28 март дека се отпуштени, а одлуката ќе стапи на сила на 27 мај.

Отпуштени работници од осум канцеларии во Санта Клара. Не се знае во кои сектори биле вработени ниту на кои проекти работеле.

„Епл“ неодамна пријави до регулаторното тело дека има приближно 161.000 вработени со полно работно време.