„Епл“ ќе го преземе „Дизни“ за 160 милијарди долари?


Технолошките медиуми деновиве шпекулираат дека „Епл“ (Apple), компанија вредна речиси 3 илјади милијарди долари и со преку 62 милијарди долари во готовина, во блиска иднина би можела да ја преземе компанијата „Волт Дизни“ (Walt Disney), еден од најголемите медиумски концерни во светот.

„Дизни“, според некои финансиски аналитичари, е „подготвен за преземање во наредните години“, а покрај забавните паркови, сервисот за стриминг „Дизни+“, филмските студија и ТВ компаниите, ги поседуваат и многу вредните франшизи на Марвел, Пиксар и Војна на ѕвездите.

Неодамнешните изјави на нивниот извршен директор, Боб Ајгер, за тоа како компанијата ќе мора да го промени својот стратешки фокус, некои ги протолкуваа како подготовка за пронаоѓање нов сопственик, пишува Баг.

Од друга страна, „Епл“ се издвојува како единствениот доволно голем и моќен клиент, кој полека го насочува својот бизнис кон содржината, а не исклучиво кон дизајнот и продажбата на компјутери и паметни телефони.

„Дизни“ моментално според вредноста на акциите на берзата е конгломерат вреден околу 160 милијарди долари.

Ова не е прв пат да се покренува оваа тема. Пред неколку години шпекулациите започнаа од „РБЦ Капитал Маркетс“, а споменатата бројка изнесуваше повеќе од 200 милијарди долари. Тогаш се споменуваше дека целата приказна, сепак, почнува и завршува со даночните маки што ги имаше „Епл“, односно поволностите што му ги пружија некои земји.

Како и да е, комбинацијата на „Епл“ и „Дизни“ би била главен конкурент на моќниот „Нетфликс“, особено ако се земат предвид компаниите што ги има „Дизни“ (Star Wars, Mouse House, на пример) и корисничката база на „Епл“, коментираат аналитичарите.

Уште неколку бенефиции: клиенти на „Епл“, користење напредни технологии и искуства плус забавни паркови „Дизни“, ESPN, BAM технологија, плус тематски паркови…

Во прилог на овие шпекулации е и претходната изјава на шефот на „Епл“ Тим Кук дека се отворени за купување од која било големина.