Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН


Вашингтон – Американскиот спортски портал „ESPN“ ги избра најдобрите тренери во Европа. Во изборот влегоа само тренерите кои се на чело на клуб најмалку една година. Оние кои водат национални тимови и оние кои се невработени повеќе од една сезона беа исклучени од изборот.

Најдобар тренер според ЕСПН е предводникот на ПСЖ, Луис Енрике. Арне Слот (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити) се најдоа меѓу првите 3.

Во Топ 10 влегоа и: Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Ханс-Дитер Флик (Барселона), Микел Артета (Арсенал), Антонио Конте (Наполи), Симоне Инзаги (Ал-Хилал) и Џан-Пјеро Гасперини (Рома).

Алонсо во изборот влезе поради резултатите постигнати со Баер Леверкузен, Гасперини со Аталанта, додека Инзаги поради оствареното со неговиот поранешен клуб Интер.