„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи


Дубаи – Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека сите летови до и од Дубаи се суспендирани на неодредено време поради случувањата на Блискиот Исток.

Во објавата на веб-страницата на националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, се наведува дека летовите ќе бидат во прекин до „понатамошно известување“.

„Емирати“ во моментов извршува ограничен број летови од Дубаи и Абу Даби преку безбедни воздушни коридори.