„Емилија Перез“ доминираше на француските Златни глобуси – освои пет награди


Париз – „Емилија Перез“ на Жак Oдиар, за мексикански наркобос кој ќе го смени полот во жена,  ги освои 30-те француски награди Лумиер, францускиот еквивалент на Златните глобуси, на церемонијата одржана во понеделникот во Париз, во аудиториумот Forum des Images.

Трилер мјузиклот на шпански јазик, снимен во Мексико, доминираше гала настанот, освојувајќи неверојатни пет награди: најдобар филм, режисер, сценарио, актерка за Карла Софија Гаскон и музика за Камил и Клемент Дукол. За наградите гласаа  француски новинари од 38 земји.

Нетфликс, ја купи „Емилија Перез“ по премиерата на филмскиот фестивал во Кан, а во него глумат и Зои Салдана и Селена Гомез. Откако ја освои наградата на жирито во Кан и наградата за својот женски ансамбл, „Емилија Перез“ доби наплив од меѓународни ловорики ( досега освои 18 филмски награди) и сега води во трката за награди во САД. Филмот водеше со 10 номинации за 82. Златен глобус, беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија, а освои четири Глобуси. 

Одиар, оваа година собори рекорд во историјата на наградите Lumiere. Ова издание го означува неговиот трет пат како најдобар филм, по „The Beat That My Heart Skipped“ во 2006 година и „The Sisters Brother“ во 2019 година; и четврти пат како најдобар режисер, по „Пророк“ во 2010 година, „Рѓа и коска“ во 2013 година и „Братот на сестрите“ во 2019 година. 

Наградите Лумиер ја започнуваат сезоната на награди во Франција секоја година. Доделувањето на наградите Цезар, кое е  француски еквивалент на Оскарите, ќе се одржи на 28 февруари .(Варајати)