ЕМА: Дозволата за оксфордската вакцина не е можна во јануари


 Европската агенција за лекови (ЕМА) нема да може во јануари да ја одобри вакцината за коронавирус на универзитететот во Оксфорд и на компанијата „АстраЗенека“, изјави денеска извршниот директор Ноел Ватион.

Витион за белгискиот весник „Хет Њузблат“ изјави дека производителите се уште не поднеле барање за лиценца до Европската агенција за лекови, која добила само некои информации за вакцината.

Извршниот директор на ЕМА наведува дека е потребно да се достават повеќе податоци за квалитетот на вакцината и дека после тоа компанијата може да достави официјално барање, пренесуваат британските медиуми.

-Тоа значи дека вакцината е малку веројатно да биде лиценцирана следниот месец, рече Ветион.

„АстраЗенека“ минатата недела соопшти дека вакцината против коронавирусот треба да биде ефикасна и против новите видови на вирусот, како и дека се во тек испитувања за ефектите врз мутациите.

Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, изјави дека компанијата веќе ги доставила сите податоци за вакцината до британската регулаторна агенција за лекови и медицински помагала.