Ел Чека и Еролд Муслиу соселани, семејството на Чека заминало во Албанија


,,Бомбашот” од Чикаго Ел Чека е соселанец со новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, пренесува ТВ 21 во репортажа снимена во кичевско Тухин. Од таму велат дека семејството на Чека од Тухин заминало во Албанија, но неговата баба не сакала да си замине од нејзиниот долгогодишен семеен имот, па поради тоа останала сама да се грижи за четири куќи. За својот внук, со солзи во очите вели дека неодамна заминал во Америка и дека во последно време не се слушнале.

Ел Чека веќе два дена не објавува бомби во социјалните мрежи. Ако пребарувате на Фејсбук нема да можете да го најдето неговиот профил. Тој неколку дена по ред освен ,,бомбите“ напишал бројни статуси за претставниците на ДУИ . Предупреди дека ќе има уште „пострашни бомби“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље, како што ветуваше ДУИ. Според него, бомбите ги добил од „Кумановската група“, чии членови се неправосилно осудени и се наоѓаат во Шутка.