Еквадорецот Пинтадо олимписки првак во брзо одење на 20 километри


Еквадорскиот атлетичар Брајан Даниел Пинтадо денеска го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри на Олимписките игри во Париз.

Пинтадо победи со време од еден час, 18 минути и 55 секунди.

Бразилскиот натпреварувач Каио Бонфим го освои среброто со 0,14 секунди заостанување, додека Шпанецот Алваро Мартин се закити со бронзата со 0,16 секунди заостанување зад Пинтадо.