Екстремни горештини во дел од САД: Феникс 100 дена „гори“ на високи температури
Западниот дел на САД се соочува со екстремни горештини, при што во Феникс 100 последователни денови живата во температурата не се спушта под 38 степени Целзиусови.
Особено тешка е ситуацијата во пустинските градови, каде што температурата може да достигне 49 степени Целзиусови.
Националната метеоролошка служба на САД предупреди дека бездомниците, старите лица, децата и лицата со здравствени проблеми се најпогодени.
Се очекува температурите да опаднат до крајот на неделата, но сè уште не се предвидува крај на горештините во Феникс.